Вчера во 17.30 часот во близина на хотел во Гевгелија полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГН и ГП Богородица го лишија од слобода М.С. (28) од Гевгелија.
Како што соопшти МВР, при контрола на возило „фиат“ што тој го управувал, пронајдени се осум лица- илегални мигранти од Сирија.
Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.