Триесет и шестгодишната Х.З. од Тетово вчеравечер во 21 часот во СВР Тетово пријавила дека еден час пред тоа на улица „Илинденска“ во Тетово била физички нападната од две женски лица кои притоа и го одзеле и златниот накит што го имала на себе, извести СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.