Двомесечно бебе е убиено, а три лица се повредени во руски напад врз областа Харков во североисточна Украина, соопштија официјални лица.
„Околу 2:30 часот, хотелот на три ката е уништен по два ракети С-300“, изјави гувернерот на Харковската област Олег Синегубов, додавајќи дека меѓу повредените е и мајката на детето, која е хоспитализирана.
Селото Золочив е на помалку од 20 километри од украинската граница со Русија.
Во нападот беа оштетени околу 30 згради, вклучувајќи кафулиња, маркет, аптеки и хотел, соопштија украинските власти.
Спасувачите во темница извлекле луѓе од урнатините.
Североисточниот украински регион Харков е под редовни гранатирања и ракетни напади откако силите на Киев ја вратија контролата врз поголемиот дел од регионот кон крајот на 2022 година.
Во одделен инцидент, властите во јужниот регион Херсон соопштија дека во текот на ноќта руското гранатирање убило 59-годишен маж во Новотијагинка, село на западниот брег на реката Днепар.