Еден од најдобрите играчи на Џирона кариерата ќе ја продолжи во најуспешниот тим чии сопственик е „Сити групата“, Манчестер сити.
Џирона моментално е втора на табелата во Примера, со два бода помалку од Реал Мадрид и шест повеќе од Барселона, а еден од најдобрите и најопасните играчи на овој тим, 19-годишниот Савио Мореира, ќе се пресели во Манчестер сити.
За среќа на Џирона, каде што игра како позајмен од француски Троа, не веднаш туку на крајот од сезоната.
Според Фабрицио Романо, договорот е веќе постигнат и договорот ќе биде потпишан во наредните денови.
Савио годинава за Џирона на 27 меча постигна седум гола и забележа исто толку асистенвии.
Според „Трансфермаркт“ вреди 30 милиони евра. Се уште не е познато колку ќе издвои Сити за трансферот на Савио.