Српскиот народ во Косово е во „многу тешка ситуација“ поради одлуката на Приштина за преодниот рок за укинување на динарот, рече Директорот на српската владина канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.
Најави дека Србија утре ќе побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради постоечките тензии.
Петковиќ за РТС изјави дека косовскиот премиер Албин Курти започна криза што води до „спирала на насилство“ и оцени дека „Србите кои живеат во Метохија се во најлоша положба откако се повратници“.
„Причините поради кои бараме вонредна седница на Советот за безбедност на ОН е тоа што Албин Курти врши етничко чистење на српскиот народ на Косово и Метохија или, како што во правните конвенции е формулирано, создава неподнослив услови за живот намерно подложувајќи ги Србите на такви услови да не можат да опстанат во Косово и Метохија, туку да бараат излез, особено на подрачјето на централна Србија“, рече Петковиќ.
Петковиќ додаде дека во последната година повеќе од 14 отсто од Србите ја напуштиле територијата на Косово и живеат во централна Србија.