Левица: На само еден ден пред одбележувањето на 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, квинслишката Влада нема најава за чествување на овој настан

Левица-На-само-еден-ден-пред-одбележувањето-на-152-години.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На само еден ден пред одбележувањето на 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, квинслишката Влада нема никаква најава за чествување на овој настан, реагира Левица.


„За разлика од претходни години, кога се организира свечена манифестација на која се покануваат различни организации и политички партии, оваа година изостанува било каква покана. Освен една штура најава за собраниска делегација по повод овој ден, нема никаква најава, ниту организација од страна на Владата. Нема никаква најава ниту за меѓународната манифестација „Гоцеви денови”, која со години се организира во чест на македонскиот великан. Ваквото свесно девалвирање и бришење од колективната меморија на ликот и делото на Делчев е еднакво на национално ПРЕДАВСТВО пред бугарските неоврховистички барања! Оваа одродена и анти-македонска гарнитура на СДС, која откако го избриша АСНОМ од Уставот, продолжува да го размонтира македонскиот идентитет и националната борба на Македонците за конституирање на сопствена македонска држава Делчев е апостолот на македонската национална свест, Делчев е бастионот на македонската државотворност, Делчев е исконскиот порив на секој Македонец за самостојна и независна македонска држава – и затоа, секој напад врз неговиот лик е напад на темелите на македонската Република. Додека живеат идеалите на Делчев , ќе живее и Републиката – и ниту една привремена и предавничка власт не може да го избрише од колективната меморија на македонската нација!“, пишува во ФБ статусот на Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK