Зеленски: Европа ни испрати јасен сигнал, ја чекаме Америка

Зеленски-Европа-ни-испрати-јасен-сигнал-ја-чекаме-Америка.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека одобрувањето на договорот за помош на ЕУ за Украина е „јасен сигнал“ и за Русија и за САД, каде пакетот помош за таа земја е закочен во Конгресот.


„Тоа е јасен сигнал за Москва дека Европа ќе остане силна и дека не може да биде скршена од какви било деструктивни бранови дизајнирани од Кремљ“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.

„Истовремено, тоа е јасен сигнал преку Атлантикот, сигнал дека Европа ги презема своите одговорности. Одговорности за безбедноста. Силни одговорности. Ги чекаме одлуките на Америка“, рече Зеленски.

Лидерите на сите 27 земји-членки на вонредниот самит во Брисел постигнаа договор за пакет помош за Украина во износ од 50 милијарди евра.

Вонредниот самит беше свикан само за да се обиде да добие согласност од Унгарија. На последниот самит во средината на декември 26 земји-членки постигнаа договор за помош на Украина, а против тоа беше само Унгарија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK