Спасен заглавен турски државјанин меѓу селото Коњарево и граничниот премин со Бугарија, ЦУК потсетува на внимателност при прошетки

Спасен-заглавен-турски-државјанин-меѓу-селото-Коњарево-и-граничниот-премин.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Спасен е заглавен турски државјанин меѓу селото Коњарево и граничниот премин со Бугарија, информира ЦУК.


Имено, по добиен повик на 112 за заглавен турски државјанин во пределот меѓу селото Ново Коњарево и граничниот премин со Бугарија, регионалниот ЦУК Струмица веднаш остварил комуникација со СВР Струмица, по што граничната полиција Ново Село излегла на терен и го пронашла лицето, коешто живо и здраво безбедно е извлечено од теренот, соопшти центарот.

Истовремено, ЦУК потсетува и за внимателност при прошетките во природата, на повисоките места и планините во нашата држава, бидејќи при зимски услови, на места со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите на почетокот и на крајот од денот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK