Вчеравечер во 22 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 33-годишниот гостиварец М.М., кој непосредно пред тоа бил пријавен од неговата 33-годишна сопруга дека околу 21 часот и 15 минути во семејниот дом физички ја нападнал, извести СВР Тетово.
Задржан е во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок.