Третиот тенисер во светот Даниил Медведев испрати чудна порака по пресвртот на кариерата против Александар Зверев 5:7, 3:6, 7:6, 7:6, 6:3 во полуфиналето на Австралија Опен.
Со овој триумф Медведев закажа финален меч со Јаник Синер кој ќе се одигра в недела.
По победата, Медведев напиша порака на камера која обично не ја гледаме.
„Не спиев доволно, но сеедно“, се пожали Русинот на заморот.
Медведев губеше 2:0 во сетови против Зверев. На нереален начин успеа да израмни, а во третиот и четвртиот сет излезе како победник по тај-брејкот. Откако имаше двојна сервис грешка при 4:4 во четвртиот сет во тајбрејкот, тој веќе беше на прагот на елиминација. Два поени подоцна го изведе веројатно најдоброто враќање на турнирот.