Голема трагедија се случи во Гвинеја по победата на националниот тим на Африканскиот куп на нации.
Шест лица загинаа за време на прославите по победата на Гвинеја над Гамбија од 1:0. Голем број луѓе излегоа на улица и радоста се претвори во голема тага.
Тоа беше прва победа за Гвинеја на континенталниот шампионат од 2012 година.
Фудбалската федерација на Гвинеја повика на достоинствени прослави без никакви инциденти.