Меџити: Нов дигитален рентген РТГ апарат за Институтот за радиологија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство, Фатмир Меџити денеска го посети Универзитетскиот Институт за радиологија по повод нов Дигитален рентген РТГ апарат за динамички флуороскопски и радиографски снимања на деца во оваа установа.



„Инсталирана и завршена е техничката обука за користење на апаратот. Набавен е од Министерство за здравство во вкупна вредност од 23 милиони денари. РТГ апаратот е неопходен за најмладите пациенти и посебно важен за дијагностиката. Ваков сличен апарат имаше и претходно на кој во просек се работеа околу 3000 прегледи за најмладата популација од 0-14 години.

Установата, исто така доби и мамомат со томографија и стереотаксична биопсија, како и ехо апарат со еластографија кои се важни за рана дијагностика на рак на дојка. Ова покажува дека водиме грижа за рано детектирање и превенција од ваков тип малигно заболување“, изјави Меџити.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK