Обвинителство да постапи по скандалот на градоначалниците на ДПМНЕ со купувањето поскапи машини, вели Каевски

Обвинителство-да-постапи-по-скандалот-на-градоначалниците-на-ДПМНЕ-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Надлежното Јавно обвинителство мора да постапи и да ги истражи сомнителните јавни набавки со астрономски цени во општините под капа на ДПМНЕ. Новата афера на градоначалниците на ДПМНЕ кои купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена мора да се расчисти, вели пратенкот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

„Овие документи кои се и јавно достапни покажуваат дека општина Битола за речиси 50.000 евра набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација. Општина Велес исто така под капата на ДПМНЕ купила иста таква машина по цена од околу 40.000 евра. Овие цени се драстично повисоки од реалните цени на пазарот. Исти вакви машини може да се најдат и по 3 и до 5 пати помали. Општина Илинден на пример и многу други општини набавиле таква машина по три пати пониска цена од астрономските цени кои се платени во општините Велес и Битола“. рече Каевски и додаде:

„Очекуваме надлежното јавно обвинителство да отвори истрага за оваа афера“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK