„Надлежното јавно обвинителство да ја истражи аферата на градоначалниците на ДПМНЕ со купувањето поскапи машини од реалните цени. Општина Битола и општина Велес, раководени од ДПМНЕ набавиле машина за бележење хоризонтална сигнализација, по астрономски цени, неколку пати повисоки од реалните“, велат од СДСМ.
„Општина Битола за речиси 50.000 евра набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација, а општина Велес купила иста таква машина по цена 40.000 евра повисока од реалната.
Од друга страна општина Илинден набавила таква машина по три пати пониска цена од набавките во Велес и Битола.
Одговорност за оваа шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има“, соопшти СДСМ.