Втор убедлив пораз на Македонија на ЕП

Втор-убедлив-пораз-на-Македонија-на-ЕП.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ EPA


Македонија го доживеа и вториот пораз на Европското првенство во ракомет. Во Берлин, домаќинот на шампионатот Германија ја победи Македонија со 34:25. Со оваа победа Германија избори пласман во главната рунда, а Македонија ќе се обиде на 16 јануари со победа над Швајцарија да го освои третото место во групата.

Натпреварот во Берлин, имаше сличен тек како и дуелот пред четири дена со Франција. Разликата меѓу тој и вечерашниот дуел е таа што Македонија добри 20 минути се држеше против Французите.

Вечерва Германија од стартот наметна силено темпо, направи разлика од шест гола, во еден период од првото полувреме и тука беше јасно дека момците на Кире Лазаров немааш шанси.

Во вториот дел Германците дојдоа и до двоцифрена разлика, Македонија со серија 3:0 намали на седум, на крајот домашните славеа со девет гола.

Ненад Костески беше најефикасен со шест гола, Пешевски и Јагуриновски постигна по четири, а Митев три гола. Германија ја предводеше Кнор со десет гола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK