Зошто сведочиме целосен морален распад и деградација во општеството?
Во капиталистичките држави, звисноста на поединецот од следниот изработен час, за следниот залак за кој постојано стравува, е причина за изразен кукавичлак.
Едновремено, желбите на една страна и немаштијата на друга, се одржувани да бидат постојано големи, што лојалноста кон државата (општественото/јавното) е лишена од секој морален основ.
Во такви услови, лојалноста постои единствено во релациите на меѓусебна зависност – понудата и побарувачката.
Не може човек кој е ставен во спрега да прави профит на мала група луѓе, кој постојано стравува за основни физиолошки потреби и својата безбедност, да биде културно, духовно и морално издигнат!
Фокусот ни е погрешен, целите ни се утнати, системот во својата основа е болен!
Не е чудно што постои толкава југоносталгичност – со сите проблеми кои ги имал системот, мнозинството од луѓето сепак се чувствувале посреќни, позадоволни, побезбедни.
Сите услови за живот денес, ни се остаток од тоа време!
Денес, на државно ниво како мерка за развој користиме само раст на БДП, а едновремено спаѓаме во најнесреќна нација на Балканот и пошироко, со високи стапки на незадоволство од сопствениот живот, како и меѓу најголемите потрошувачи на антидепресиви!
Основата мора да се менува, ако сакаме промени и во нашето секојдневие.