(Видео) Крвава пресметка во хотел во САД, тројца загинати

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата во американската сојузна држава Минесота соопшти дека три лица, меѓу кои и осомничениот, се убиени при пукањето што се случи вчера вечерта во хотелот „Супер 8“. Вработен во хотел во градот Клокет пронашол уште еден вработен со повреди и се јавил на 911 околу 18.30 часот. По пристигнувањето полицијата пронашла 22-годишна жена со прострелна рана. Таа била пренесена во болница, каде набргу починала.



Полицајците потоа пронашле мртов 35-годишен маж во автомобил на паркингот во хотелот, кој исто така починал од прострелни рани. Набрзо бил лоциран и осомничениот за нападот, кој бил пронајден мртов пред имотот на хотелот. Од полицијата велат дека овој случај бил самоубиство, пишува Си-би-ес Њуз.

Надзорните камери во хотелот го потврдија идентитетот на осомничениот, но полицијата се уште не знае што точно го предизвикало овој инцидент. Истрагата е во тек. Идентитетот на жртвите и осомничените ќе биде објавен откако ќе бидат известени нивните семејства.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK