Со песната ,,Вечниот Бог” и во пресрет на големиот христијански празник Божиќ, коледарите од бадниковата поворка во Охрид, утрово ја донесоа големата вест за Христовото раѓање. Бадниковата поворка започна во 10 часот, а собирот на децата беше во 9 часот во дворот на црквата „Свети Ѓорѓи“.
Годинава учество земаа преку илјада дечиња, а новина е што песната „Вечниот бог“ е изведена и на знаковен јазик. Поддршка има и од естрадни уметници.
На чело на поворката беа пејачите Ѓоко Таневски и Христијан Настески, попознат како Пајак.
На крај од поворката на присутните деца им беа доделени пакетчиња. Децата на плоштадот беа пречекани од градоначалникот Кирил Пецаков.
Охрид е преполн за божиќните празници. Има многубројни туристи од Грција и од Србија.