ВМРО-ДПМНЕ: Партиски војници на ДУИ нападнале Албанци во контролата за летови оти биле против партиски вработувања

Авион-во-Лондон-полетал-со-скршени-прозорци-претходниот-ден-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Банда партиски војници на ДУИ влегле во зградата на М-НАВ и нападнале контролори на летање Албанци затоа што дале поддршка на синдикатот против партиските вработувања, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.


„Кога Ахмети пее во кабинетот на Груби и си прави журка, во друга државнa институциja баграта на ДУИ дели шлаканици на Албанци зошто се солидаризирале со синдикатот.

Ова е вистинското насилничко и криминално лице на лажните европејци од ДУИ и СДС. Делење тупаници на синдикалци ли е европскиот сојуз на СДС-ДУИ за кој овие две партии се залагаат?

Во која друга европска држава има ваков скандал?

Најостро го осудуваме овој вандалски и криминален чин на ДУИ и СДС.

И сега ли одговорот за овој скандал на Ковачевски ќе биде прашајте ја надлежната институција или ќе преземе конкретни мерки?

Дали со ова е доведен под ризик авио сообраќајот во државата? Додека има летови, во контролата за летови се делат тупаници.

Каде е сокриен безличниот министер за транспорт и врски Бочварски? Ќе каже ли ништо?

И на Албанците им прекипе од ДУИ.

Никогаш не било полошо.

Важно е да ги поразиме!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK