Тасевски не е приведен, туку извршен е службен разговор во полициска станица, велат од МВР

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во врска со дезинформациите кои се пласираат во одредени портали во врска со извршениот службен разговор со А.Т., вработен во МНАВ, ја информираме јавноста дека Министерството за внатрешни работи постапува како и секогаш, согласно законските обврски, велат од МВР.



“Секогаш кога ќе биде поднесена пријава од граѓанин за заканување или заплашување, МВР го поканува лицето против кое е поднесена пријава за да се изврши службен разговор. Тоа е направено и во конкретниот случај. По добиената пријава од Ф.Х. и Д.Х., раководни лица во МНАВ за испратени закани по меил од страна на А.Т., извршена е консултација со јавен обвинител, по што е направен записник за примање пријава“, додаваат од МВР.

Како што дополнуваат оттаму, на 3 јануари 2024 со покана е повикан А.Т. и со него е извршен службен разговор.

„Напоменуваме дека лицето не е лишено од слобода туку е извршен службен разговор со цел расчистување на случајот. По документирање на случајот, до ОЈО ќе биде доставен соодветен поднесок за нивно натамошно постапување“, завршуваат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK