Ристовски добива конкуренција, Динамо заинтересиран за фудбалер на Штурм

Ристовски-добива-конкуренција-Динамо-заинтересиран-за-фудбалер-на-Штурм.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Динамо Загреб, во вториот дел од сезоната со Хајдук и Риека ќе ја води битката за шампионската титула. Есенскиот дел, Динамо го заврши на третото место со 34 поени, но и еден односно два натпревари помалку од Риека и Хајдук, екипи кои собраа 35 и 41 поен.


Челниците на клубот од Максимир, планираат да го засилат тимот со неколку фудбалери, со надеж дека на крајот од сезоната први ќе ја минат целта.

Поранешниот капите на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, ќе добие конкуренција на позицијата десен бек.

„Спортске новости“, пишуваат дека наскоро во Динамо ќе пристигне Јусуф Газибеговиќ. Според овој извор трансферот ќе изнесува околу два милиони евра.

Газибеговиќ е производ на школата на Салцбург, но никогаш не играл за тој клуб, тој е во Штурм Грац е од 2020 година. Сезонава забележа 26 настапи во сите натпреварувања и забележа еден гол и три асистенции.

„Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на четири милиони евра, но тој наводно откупната клаузула во неговиот договор е двојно помала. Газибеговиќ го имаше своето деби за Босна и Херцеговина во 2021 година и оттогаш забележа 14 настапи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK