Нов случај на фемицид во Велика Горица, маж ги убил сопругата и мајката

Нов-случај-на-фемицид-во-Велика-Горица-маж-ги-убил.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватската полиција соопшти дека утрово маж ги убил мајка си и сопругата во Велика Горица, кај Загреб, а потоа се самоубил.


Злосторството се случило околу 10 часот кога маж со оружје во семејната куќа ја убил мајка си, а потоа во блиската цвеќара ја убил сопругата, која побегнала таму барајќи помош.

Откако ја застрелал сопругата побегнал и се заклучил во семејната куќа која набрзо била опколена од специјалната полиција, а околу пладне се самоубил.

По влегувањето во куќата полицијата го пронашла загинатиот сторител и една постара жена, а медиумите јавија дека се работи за неговата мајка.

Пошироката област околу местото на злосторството беше блокирана. Според хрватските медиуми, полицијата претходно не се занимавала со тоа семејство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK