Мизрахи: Испратив допис до претседателот на Собранието да ги достават сите материјали од Анкетната комисија за Онкокогија до ЈО

ВМРО-ДПМНЕ-бара-продолжување-на-рокот-за-сослушување-експерти-и-функционери.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„На ден 19.12.2023, Основното јавно обвинителство испратило допис со барање за достава на материјалите од работата на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија од Собранието“, пишува пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи на социјалните мрежи.



„Бидејќи мандатот на Анкетната комисија е истечен, како поранешен претседател и поранешен нејзин член, испратив допис до Претседателот и Генералниот Секретар на Собранието укажувајќи дека е потребно да постапат по барањето на ОЈО во рокот предвиден со истото.

Работата на Анкетната комисија беше апсолутно и целосно транспарентна за јавноста и со тоа ја постигна целта да се прикаже вистината таква каква што е. Се понатаму е во рацете на обвинителството“, се вели во објавата на пратеничката на социјалните мрежи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK