Борбата против терористите не значи уништување на Појасот Газа и неселективни напади врз цивилното население, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
Во интервју за телевизијата „Франс 5“, Макрон го повика Израел да престане со ваквиот пристап во борбата против терористите бидејќи не е соодветен и посочи дека сите животи се подеднакво вредни и секој мора да ги брани.
Иако го призна „правото на Израел да се брани и да се бори против теророт“, францускиот лидер повика на заштита на цивилите и хуманитарен прекин на огнот.
„Хамас е виновен за оваа ситуација, но го повикувам Израел да го запре бомбардирањето на Појасот Газа“, рече Макрон.