Деветнаесетгодишна мајка е приведена, откако нејзиното бебе било најдено оставено сосе количка на подрачје во скопската населба Карпош.
Кај количката, имало и телефонски контакт, како и медицинските извештаи на мајката, а случајот бил пријавен во МВР.
„Полицијата ја пронајде мајката М.С.(19) од Скопје и ја приведе“, велат од МВР.
Засега нема детали за причините зошто бебето било оставено само.
По целосно расчистување и документирање, против мајката ќе следуваат соодветни пријави.