СДСМ има кандидати кои ќе ги победат Мицкоски во единица и Мисјловски во двојка, но Ковачевски не ги открива имињата

СДСМ-има-кандидати-кои-ќе-ги-победат-Мицкоски-во-единица.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДСМ ќе ги победи Мицкоски во единица, Мисајловски во двојка, Ковачки во тројката, Николоски во четворката, во петката Коњановски или Давкова-Силјановска, Кочовска во шестката, уверен е премиерот Димитар Ковачевски.


Тој денеска на пуштањето во употреба на рехабилитираниот регионален пат Битола – Меџитлија, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека нема дилеми во победата, но не ги соопшти кандидатите на СДСМ кои ќе се спротивстават на Мицкоски, Мисајловски, Ковачки, Николоски.

„СДСМ ќе има кандидати коишто ќе ги победат сите кандидати коишто ги набројавте“, одговори премиерот Димитар Ковачевски.

На прашањето дали ќе го покани Мицкоски на договори за техничката влада, Ковачевски одговори дека техничката влада е законска одредба и дека има комуникација помеѓу сите политички партии во Парламентот.

„Ќе има средба која нема да биде најавена преку медиуми, туку ќе има нормален разговор за реализација на тоа што е определено согласно Законот, односно распределба на ресорите во техничката влада, изгласувањето на таа Влада во Собрание и подготовка за избори“, кажа премиерот.

Во однос на празното место во ДИК, премиерот рече дека составот е регулиран согласно Закон.

„Парламентот и Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да постапи согласно Закон и да го комплетира составот на ДИК“, одговори Ковачевски.

Ниту ВМРО-ДПМНЕ се уште ги нема официјално соопштенио кандидатите иако во јавноста веќе кружат некои имиња.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK