„Двапати ми го убивте синот“: таткото на израелскиот заложник кој војската го уби „по грешка“ ја критикуваше власта

„Двапати-ми-го-убивте-синот-таткото-на-израелскиот-заложник-кој.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ави Шамриз, таткото на Алон Шамриз, еден од тројцата израелски заложници кои „по грешка“ беа убиени од израелската армија во Појасот Газа, ја критикуваше владата предводена од Бенјамин Нетанјаху.


Говорејќи за програмата NBC News, Шамриз рече дека владата на Израел најпрво му дозволила на Хамас да го киднапира неговиот син на 7 октомври, а потоа израелската армија го убила во декември.

„Двапати го убивте мојот син“, нагласи Ави Шамриз.

Нагласувајќи дека владата предводена од Нетанјаху нема капацитет да и служи на земјата, Шамриз рече дека администрацијата „не ги заслужува нив како општество, како народ“.

„Тие не се наши лидери. Тие мислат само за себе. За фотелјите и за нивните џебови“, истакна Шамриз.

Наведувајќи дека израелската администрација не води сметка како да ги врати заложниците од Газа, Шамриз рече дека властите „воопшто не размислуваат за заложниците“.

Израелската армија објави дека на 15 декември „по грешка“ убила тројца заложници од Израел во Појасот Газа.

Семејството на еден од убиените „по грешка“, 26-годишниот Алон Шамриз, поднесе барање жртвите да бидат вклучени во списокот на „маченици“. Меѓутоа, како што пренесуваат израелските медиуми, армијата го одбила ова барање.

Семејството тогаш потсети дека тројцата заложници биле убиени и покрај тоа што биле без облека и имале бело знаме.

Израел започна воздушно и копнено бомбардирање на Појасот Газа, воведе опсада и започна копнена офанзива како одмазда за прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Првата размена на затвореници се случи по четиридневната „хуманитарна пауза“ која стапи на сила на 24 ноември, по што продолжија израелските напади.

Оттогаш, според здравствените власти во Газа, најмалку 19.667 Палестинци се убиени, а 52.586 се повредени во израелските напади.

Се верува дека околу 1.200 Израелци биле убиени во нападот на Хамас, додека повеќе од 130 заложници се уште се држат во заробеништво.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK