Хјундаи го продава својот бизнис во Русија по симболична цена

Хјундаи-го-продава-својот-бизнис-во-Русија-по-симболична-цена.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јужнокорејскиот производител на автомобили Хјундаи ќе се приклучи на егзодусот на мултинационалните компании од Русија со продажба на своето локално производство по симболична цена. Одборот на директори ги одобри плановите за продажба на уделот на компанијата во Hyundai Motor Manufacturing на руската компанија Art-Finance за 10.000 рубљи (100 евра), соопшти денеска компанијата.


„Хјундаи преговара со Art-Finance за деталите од договорот. Со цел да ги поддржи сопствениците на возилата Хјундаи во Русија, Хјундаи ќе продолжи да обезбедува услуги за клиентите по продажбата”, изјави портпаролката на компанијата. Art-Finance е филијала на рускиот дилер на автомобили Авилон.

Монтажните линии во главната фабрика на HMMR во Санкт Петербург, отворена во 2010 година, не работат од март 2022 година, веднаш по почетокот на руско-украинската војна, како резултат на тесните грла во снабдувањето со делови.

Хјундаи претходно произведуваше околу 200.000 автомобили годишно во таа фабрика, објавија јужнокорејските медиуми. Во март оваа година, Хјундаи објави дека сè уште истражува различни опции во врска со своето работење во Русија.

Според берзата на Хјундаи, продажбата треба да биде завршена до 28 декември, а зделката вклучува опција за откуп.

Во одлуката на управниот одбор на Хјундаи е вклучена и продажбата на затворената фабрика на Генерал Моторс во Санкт Петербург. Хјундаи ја презеде таа фабрика со годишен капацитет од 100.000 автомобили пред три години, но таа никогаш не беше ставена во функција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK