Во текот на вчерашниот ден, во 22.30 часот, во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В. И. (49) од село Биљановце, Кумановско.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година за сторено кривично дело по член 258 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор К’шање“ за издржување на казната.