Министерство за здравство во Газа: Израел погоди неколку згради, при што загинаа најмалку 110 луѓе

Министерство-за-здравство-во-Газа-Израел-погоди-неколку-згради-при.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 110 луѓе загинаа во израелските воздушни напади врз Џабалија, на северот од Појасот Газа, соопшти денеска Министерството за здравство на Хамас, со што бројот на загинатите од почетокот на војната се искачи на 19.453, според новите податоци, пренесуваат светските агенции.


Во Џабалија, каде што се наоѓа голем бегалски камп, беа погодени неколку станбени згради, изјави портпаролот на Министерството, додавајќи дека најверојатно има повеќе жртви под урнатините. Ова не беше можно да се потврди од независни извори, пишува агенцијата дпа.

Министерството за здравство на Хамас денеска соопшти дека 19.453 лица се убиени во израелските воени операции во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври, пренесува АФП. Според министерството, владата на Хамас, која го контролира Појасот Газа од 2007 година, исто така регистрирала 52.286 повредени.

Џабалија, која се смета за упориште на Хамас, е во центарот на интензивните борби меѓу израелските сили и Хамас. Според СЗО, болницата Камал Адван во Џабалија била речиси целосно уништена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK