За прв пат од почетокот на војната отворен е преминот меѓу Израел и Газа, а пристигнува помош

За-прв-пат-од-почетокот-на-војната-отворен-е-преминот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Граничниот премин Керем Шалом меѓу Израел и Газа денеска беше отворен за прв пат од почетокот на војната и овозможен е премин на камиони со хуманитарна помош, изјави портпаролот на кабинетот на израелскиот премиер.


Тој граничен премин е затворен за камиони од 7 октомври, кога Хамас изврши дивјачки напади врз јужните израелски населби, по што израелската армија започна офанзива во Газа. До почетокот на декември, Израел ги отфрлаше повиците на ОН и другите да го отвори преминот, но се согласи да го отвори минатата недела.

„Од денеска, камионите на ОН со хуманитарна помош ќе бидат подложени на безбедносни проверки и ќе бидат испратени директно во Газа преку Керем Шалом“, објави израелската управа COGAT, одговорна за координација на активностите со палестинските територии.

Објавени се и фотографии од камионите во редица, јави германската агенција dpa и цитирајќи ја изјавата на COGAT дека со тоа ќе се зголеми дневниот износ на помош за Газа. Поради катастрофалната хуманитарна ситуација во опколената и блокирана палестинска енклава, Израел беше под силен меѓународен притисок, вклучувајќи ги и САД, најблискиот сојузник на Израел.

Досега, ограничени количини хуманитарна помош се испратени од Египет преку преминот Рафах, кој не е доволно опремен за проверка на голем број камиони.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK