За време на бруталниот напад врз Израел на 7 октомври, терористите на Хамас убија околу 1.200 луѓе, главно цивили, а киднапираа повеќе од 200. Меѓу киднапираните цивили беше и 85-годишната Јафа Адар.
Таа беше ослободена за време на размена на заложници за палестински затвореници, а сега ја раскажа својата приказна за заробеништво во Газа. Снимката од разговорот со храбрата баба ја објави израелското Министерство за надворешни работи.
Hero: Yaffa Adar (85) was kidnapped by Hamas terrorists on October 7th.
The terrorists filmed the kidnapping and circulated videos of her online.
Yaffa who knew her children and grandchildren would see the videos smiled so they would not be afraid.
“I won’t let them break… pic.twitter.com/PNYv8jYSGx
— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) December 15, 2023
За време на киднапирањето, членовите на Хамас се пофалија со видеото од злосторството на социјалните мрежи. На видеото се гледа Јафа Адар, насмеана, како седи меѓу членовите на Хамас во автомобилот со кој ја возеле до Газа.
„Не сакав да им го дадам задоволството да видат дека се плашам. Нема да дозволам да ме скршат. Сакам моите деца и внуци, кога ќе го видат видеото, да се гордеат со мене. Не пуштив ниту една солза“, рече таа.