Тројца загинати во сообраќајна несреќа во Германија, возачот кој ја предизвикал незгодата возел во погрешна насока

Тројца-загинати-во-сообраќајна-несреќа-во-Германија-возачот-кој-ја.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утринава на автопатот А38 во германската покраина Саксонија-Анхалт. Според германската полиција, несреќата ја предизвикал 57-годишен возач кој бегајќи од полицијата влегол на автопатот во погрешна насока.

Тој удрил во друг автомобил со три лица. Во судирот загинал 57-годишникот, како и две жени кои биле во другиот автомобил. Маж кој исто така бил во друго возило бил пренесен во болница со тешки повреди.

Како што пренесува германскиот РТЛ, на местото на несреќата можеле да се забележат тешко деформирани автомобилски остатоци. Тој дел од автопатот е затворен, а истрагата е во тек.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK