Ердоган го предупреди Бајден за Газа: Вие имате историска одговорност

Ердоган-го-предупреди-Бајден-за-Газа-Вие-имате-историска-одговорност.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор му рекол на американскиот претседател Џо Бајден дека Соединетите Американски Држави имаат историска одговорност да постигнат траен прекин на огнот во Газа што е можно поскоро, соопшти кабинетот на турскиот претседател.


Продлабочувањето и продолжувањето на израелските напади во Газа може да има негативни регионални и глобални последици, му рекол Ердоган на Бајден, соопшти неговиот кабинет. „Историска одговорност на САД е да обезбедат траен прекин на огнот во регионот што е можно поскоро“, рече Ердоган.

Ердоган рече дека повлекувањето на американската безусловна поддршка за Израел може да обезбеди брз прекин на огнот и дека барањата за таков потег се се погласни во последните денови во светот и во САД. Ердоган и Бајден разговарале и за процесот на пристапување на Шведска во НАТО и односите меѓу Турција и САД, вклучувајќи го и прашањето за продажбата на американскиот борбен авион Ф-16 на Турција, соопшти кабинетот на турскиот претседател, пренесуваат медиумите во регионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK