Израелската армија денеска соопшти дека пронашла оружје и тунел под Универзитетот Ал Азар во Газа.
Наведено е дека тунелот, од зградата на универзитетот до блиското училиште, е долг еден километар, пренесува АП.
Армијата тврди дека пронашла контролна соба на палестинската организација Хамас, со камери, телефони и оружје, во близина на болница во северниот дел на Газа.