Британка била убиена во 1999 година додека се враќала од ноќен клуб, во 2021 откриена е клучна трага, а убиецот сега е повторно приведен

Британка-била-убиена-во-1999-година-додека-се-враќала-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Полицијата во Сафолк повторно го уапси осомничениот за убиството на Викторија Хол (17), чиешто тело било пронајдено во 1999 година.

Како што пишува Дејли Мејл, Викторија исчезнала кога се враќала од ноќен клуб во вечерните часови, а пет дена подоцна, на 24 септември, било пронајдено нејзиното тело.

Дваесет години подоцна, во 2019 година, полицијата повторно ја отвори истрагата за овој случај, кога доби нови индиции, а на 28 јули 2021 година го уапси осомничениот за нејзиното убиство. Сепак, тој набргу беше ослободен.

Градските власти соопштија дека Стив Рајт бил уапсен под сомнение дека ја убил Викторија.

Родителите на Викторија последен пат ја виделе на 18 септември 1999 година, кога таа излегла. Клубот го напуштила околу еден часот по полноќ, а последна кој ја видела жива е нејзината пријателка со која се разделила околу два часот по полноќ.

Следниот ден забележале дека Викторија не е во нејзината соба и веднаш повикале полиција.

Нејзиното голо тело е пронајдено на 40 километри од местото каде што последен пат била видена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK