Полицијата уапси маж кој пукал двапати со пушка пред синагога во Aлбани, Њујорк, неколку часа пред почетокот на прославата на Ханука, а во инцидентот нема повредени, соопшти полицијата.
Според извештаите, 28-годишниот маж извикал: „Слобода за Палестина“, пренесе АП.
Полицијата не го идентификуваше напаѓачот, но гувернерката Кети Хочул рече дека тој бил локален жител.
Полицијата соопшти дека инцидентот се истражува како злосторство од омраза и дека нема индикации дека биле вмешани други лица.
Хочул рече дека е особено несреќно што инцидентот се случил на почетокот на еврејскиот празник Ханука, кој започна во четвртокот навечер.
Хочул на прес-конференцијата истакна дека ова не е само напад на верски објект, туку, како што наведе, на самата структура на општеството и слободата на изразување на верата.
Хочул рече дека и наредила на полицијата и на њујоршката Национална гарда да бидат во состојба на готовност и да ги зголемат планираните патроли на места со висок ризик за време на празникот.