Куртоа го известил Реал дека нема да оди на ЕУРО 2024

Куртоа-го-известил-Реал-дека-нема-да-оди-на-ЕУРО.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа нема да настапи на Европското првенство следната година.


Радио Марка, објави дека голманот на белгиската репрезентација ги известил клупските челници дека ќе го пропушти завршниот турнир на континеталниот шампионат.

Како што пренесува изворот, голманот летото ќе го искористи за целосна рехабилитација од повредата со цел максимално подготвен да влезе во сезоната 2024/25.

31-годишниот голман, во август ги скина лигаментите во коленото.

На ЕУРО 2024, Белгија ќе игра во групата Е со Словачка, Романија и победникот од плејофот од Б дивизијата (Израел/Исланд – Украина/Босна и Херцеговина).

Завршниот турнир ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули 2024 година во Германија.

Шампионатот ќе го отвори домаќинот Германија против Шкотска во Минхен на „Алијанц Арена“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK