Две лица тешко повредени при судир на патничко и товарно возило во Штип

Две-лица-тешко-повредени-при-судир-на-патничко-и-товарно.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера околу 14.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, управувано од С.Т.(78) од Штип и товарно возило „ман“, управувано од Д.Н.(64) од Пробиштип, двете со штипски регистарски ознаки.



Во несреќата со тешки телесни пореди се здобиле возачот на возилото „пежо“ и неговата сопатничка Ц.Т.(77) од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип, соопшти полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK