Двајца мажи загинаа во Хрватска, во тешка сообраќајна несреќа на излезот од тунелот Учка, на истарската страна, а двајцата повредени се борат за живот во болница во Риека.
Несреќата во која учествувало возилото се случила во вторникот околу 19 часот, кога автомобил удрил во бетонски блок веднаш по излегувањето од тунелот, пренесува Index.hr.
Во автомобилот со регистарски таблички од БиХ имало најмалку четворица мажи.