За време на снежната бура која вчера зафати дел од Германија, особено Минхен, на аеродромот во тој град се снимени неверојатни сцени.
Аеродромот беше затворен цел ден бидејќи авиосообраќајот беше оневозможен поради обилните врнежи. Покрај воздушниот сообраќај, во прекин е и патниот и железничкиот сообраќај.
Meanwhile in Munich ❄️✈️
📹 schoko131 pic.twitter.com/RHemPHNGk3
— Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) December 2, 2023
Една од снимените сцени е авион кој бил целосно блокиран на едната писта. Тој е завеан додека противпожарните возила се обидуваат да го извлечат од пистата.
Авионот требаше да лета за Дубаи, каде што се одржува конференција за климатски промени.
Аеродромот во Минхен повторно беше отворен во утринските часови, но околу 560 од 880 планирани летови се откажани, изјави портпаролот на овој аеродром, пренесуваат германските медиуми.