Шведскиот фудбалски сојуз синоќа го разреши селекторот Јане Андерсон откако не успеа да избори пласман со репрезентацијата на ЕУРО 2024. Шведска квалификациите ги заврши на третото место во групата Ф со само десет освоени бода.
Швеѓаните имаат десет бода помалку од водечката Белгија, а девет од второпласираната Австрија. Јане Андерсон ја предводешешведската репрезентација од летото 2016 година.
Најголемиот успех му е пласман во четвртфиналето на Светското првенство 2018 и осминафиналето на ЕУРО 2020.
Сепак, Швеѓаните последователно не успеаја да се квалификуваат за Светското првенство 2022 година (изгубија од Полска во финалето на плеј-офот) а сега за ЕП 2024.
Се уште не е познато кој ќе го наследи 61-годишниот Андерсон на селекторската функција.