Мурињо сака да остане во Рим

Мурињо-сака-да-остане-во-Рим.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, сака да го продолжи договорот со клубот на крајот од сезоната, пишува италијански „Ил Темпо“.


Мурињо (60) во Рома пристигна во 2021 година, а со „волчицата“ има договор до крајот на сезоната. Тој во сезоната 2021/2022. ја освои Конференциската лига, а минатата сезона доживеа пораз во финалето на Лига Европа.

„Мурињо ужива да работи во Рим, најмногу поради љубовта што му ја покажуваат навивачите и играчите. Затоа сега сака да изврши притисок врз челниците на клубот да му го продолжат договорот, бидејќи чувствува дека има незавршена работа со овој тим. “, изјави извор близок до „Ил Темпо“.

Португалскиот стручњак на крајот од минатата сезона беше незадоволен од ситуацијата во клубот поради несоодветни засилувања, но во меѓувреме се предомисли.

Италијанските медиуми пренесуваат дека конечниот збор дали Мурињо ќе остане во Рома ќе го даде претседателот на клубот Ден Фридкин.

Пред Рома, Мурињо ги водеше Тотенхем, Манчестер јунајтед, Челзи, Реал, Интер, Порто и Леирија.

Рома моментално е на седмото место на табелата во Серија А со 18 бодови од 12 натпревари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK