Спектакуларен натпревар во НБА лигата одиграа Голден стејт Вориорс и Оклахома сити Тандер. Кошакарите на Оклахома најпрвин на волшебен начин се изборија за продолжение, а потоа славеа победа 130:123.
Голден стејт е во криза, ниту враќањето на Стеф Кари не им помогна да го избегнат шестиот пораз на последните шест натпревар. Натпреварот ја имаше најлудата завршница, Ендрју Вигинс погоди тројка за Ворирос на 1,7 секунди до крајот за 117:114. Но по тајм-аутот дебитантот Чет Холмгрен погоди од невозможна позиција и го однесе натпреварот во продолжение.
Ви дополнителните пет минути Вориорс немаа силид а се изборат со Оклахома.
Оклахома ја предводеше Шеј-Гиџис Александер со 40 поени, седум скока и шест асистенции. Дебитантот Холмгрен имаше рекордни 36 поени, 10 скока и пет асистенции.
Во тимот на Голден Стејт најефикасни беа Ендрју Вигинс со 31 поен, Стеф Кари со 25 и Клеј Томпсон со 16 поени. Крис Пол додаде 12 поени и 11 асистенции.
Милвоки Бакс славеа против Далас Маверикс со 132:125. Мечот мина во знакот на најголемите ѕвезди во двата тима.
Јанис Адетокумбо ги предводеше Бакс со 40 поени, 15 скока и седум асистенции, а Демијан Лилард додаде 27 поени и 12 асистенции.
Во тимот на Далас Кајри Ирвинг постигна 39 поени и имаше шест асистенции, а Лука Дончиќ забележа 35 поени, девет скока и девет асистенции.
Во останатите натпревари, кошаркарите на Минесота го победија Њу Орлеанс со 121:120, а Њујорк го победија Шарлот со 122:108 и ја постигнаа третата последователна победа.
Сан Антонио загубија од Мемфис со 108:120 и го забележаа осмиот пораз по ред, додека Чикаго ја прекина серијата од седум победи во која беа кошаркарите на Мајами. Чикаго против Мајами славеше 97:102.