Макс Ферстапен, трикратниот светски шампион во Формула 1, не престанува да ја критикува трката во Лас Вегас, која по 42 години се одржува во најголемиот град во сојузната американска држава Невада. тој американски град.
Откако пред неколку дена изјави дека тоа е „99 проценти шоу и еден процент трка“, по освоеното третот место во квалификациите тој повторно ја критикуваше организацијата. .
„Трката во Монте Карло е Лига на шампионите, а ова е како Лигата на нации. Јасно ми е дека шоуто е потребно, но немам никакви емоции за тоа. Ми се допаѓа Лас Вегас, но не да се тркам, туку да излезам и да ставам се на црвено на рулетот“, изјави Холанѓанецот.
За време на првиот тренинг на уличната патека во Вегас, се отвори мала дупка во една шахта, поради што тренингот беше прекинат два и пол часа. Навивачите мораа да си заминат бидејќи обезбедувањето според договорот со организаторот во меѓувреме го завршило работното време и немало кој да ја обезбедува патеката.
На револтираните навивачи им беа понудени ваучери од 200 долари кои би можеле да ги потрошат на артикли во официјалните продавници, а Ферстапен го критикуваше и тој потег на организаторите кои вложиле околу 600 милиони долари во трката.
„Да бев навивач, ќе ги срушев сите тие продавници и шатори“, изјави Верстапен.
Трката за Големата награда на Лас Вегас се вози утре во 7 часот по средноевропско време.