Foto/ EPA
Пет натпревари се одиграа во рамките на квалификациите за пласман на ЕУРО 2024 во Германија. Победи забележаа репрезентациите на Шпанија, Азербејџан, Австрија, додека немаше победник на натпреварите Грузија-Шкотска и Бугарија-Унгарија.
Во Ф групата познато е дека Австрија и Белгија ќе играат на ЕП. Австрија во Талин ја победи Естонија со 2:0. Стрелци на головите во првото полувреме беа Лајмер и Лејнхарт.
Во оваа група, Шведска се изрезили во Азрбејџан. Домаќините славеа со 3:0, ја забележаа втората победа во овој квалификациски циклус и на табелаа се изедначија со Шведска.
Азербејџан по само шест минути имаше предност со головите на Махмудов и Дадашов. Во 57 минута Мустафазада доби црвен картон, но ниту со фудбалер повеќе Швеѓаните не може да направат ништо. Точка на мечот со својот втор гол стави Махмудов во 90.минута.
Шпанија и Шкотска од А групата ќе играат на ЕП. Шпанците за 28.минути постигнаа три гола против Кипар. Стрелци беа Јамал, Ојерзабал и Хоселу, а почесниот гол за домашната селекција го постигна Пилеас.
Интересен натпревар во Тбилиси играа Грузија и Шкотска. Домаќините два пати водеа со головите на Кварацхелија, а Пкотите во натпреварот ги враќаше Мектоминеј. Голот за 2:2 играчот на Манчестер јунајтед го постигна во 90.минута.
Бугарија во Г групата ја пречека Унгарија во Софија. Домашната репрезентација победата ја испушти во 97.минута кога Петков си постигна авто-гол.
Претходно Унгарците водеа со голот на Адам, а израмни Делев. Антов во финишот на првиот дел доби црвен картон, но силите на теренот се изедначија кога во 57.минута поради тор жолт картон беше исклучен Керкез. Најдобриот бугарски играч Десподов во 79.и донесе предност на својата репрезентација, која Унгарците ја поништија во последните секунди.
Бугарите имаат само три бода, додека Унгарија избори пласман на ЕУРО 2024.