Приведен државјанин на Србија, во возилото кое го управувал пронајдени мигранти од Непал

Кривична-против-двајца-државјани-на-Косово-криумчареле-мигранти-од-Сирија.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера попладне околу 17.50 часот на автопатот „Пријателство“, делница Табановце-Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода 34-годишниот М.М. од Република Србија, извести МВР.


„Во возило „фолксваген пасат“ со регистарски ознаки на друго возило, кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти од Непал“, соопшти МВР.

М.М. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK