Владата, на предлог на Министерството за култура, донесе Одлука за основање национална установа „Спомен куќа на Мустафа Кемал Ататурк“ – Коџаџик, Центар Жупа.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, целта на одлуката е истражување, собирање, средување, стручно и научно обработување, проучување, заштита, чување, објавување и презентирање на историско етнолошки предмети поврзани со животот и делото на Мустафа Кемал Ататурк, како и на други етнолошки и историски предмети од значење за Република Северна Македонија.