Функционерите ќе земаат 78 отсто поголеми плати до Нова година, Тренчевска најави дека дотогаш ќе изберат решение за намалување

Функционерите-ќе-земаат-78-отсто-поголеми-плати-до-Нова-година.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата до крајот на годинава ќе одбере едно од двете можни решенија за намалување на платите на функционерите кои во март годинава беа зголемени за 78%. Министерката за труд Јована Тренчевска денес уште еднаш потсети дека платите на функционерите не ги зголемила Владата која сега бара ново решение туку Уставниот суд, а посочи и дека Собранието можело досега да најде некое решение за нивно намалување.


„Една опција е законот за плати во јавен сектор а другата е измена и дополнување на повеќе закони, шест или седум, со кои се регулираат платите на сите оние функционери кои се опфатени со одлуката на уставниот суд. Ние како Влада ќе ги донесеме измените меѓутоа треба да отидат на парламент, парламентот го има последниот збор за платите на функционерите. И пратениците во периодот што помина од донесувањето на одлуката на Уставниот суд досега можеа да донесат законски решенија на иницијатива на пратениците и пратеничките групи. Не мораше се да се остави на Владата. Ако Владата работи на ова ако Собранието имаше некакво поинакво решение можело во изминатиот период да го донесат тоа решение. Бараме решение, ќе го најдеме решението. До крајот на годината ќе се избере една од опциите“, рече министерката Тренчевска.

Нагласи дека во периодот што следи заедно со Синдикатот треба да ги дефинираат највисокиот и најнискиот коефициент за пресметката на платите, процес за кој министерката Тренчевска не е оптимист дека ќе успеат да го завршат до крајот на декември иако е дел од едното решение за намалување на платите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK