Актуелниот италијански шампион Наполи има нов тренер. Инсајдерот за трансфери, новинарот Фабрицио Романо и бројни други италијански медиуми, објавија дека до крајот на сезоната тимот ќе го предводи 62-годишниот Валтер Мацари.
Мацари по една деценија се враќа на „Диего Арманод Марадона“ стадионот. Тој беше трнер на Наполи од 2009 до 2013 година, Во 2012 го освои Купот на Италија.
Првиот човек на клубот се реши за Мацари бидејќи тој прифатил договор до крајот на сезоната. Првиот фаворит за тренер, Игор Тудор ја одбил оваа опција, тој инсиситирал на две годишен договор.
Мацари, по Наполи ги тренираше Интер, Ватфорд, Торино и Каљари, а невработен е од мај минатата година.
Актуелниот шампион во Серија А веќе заостанува 10 бода зад лидерот Интер по 12 кола оваа сезона. Рудија Гарсија доби отказ по шокантниот пораз на домашен терен од Емполи минатиот викенд.